Вработените од „Колска“ на протест пред Влада – единствената фабрика за поправка на шински возила не работи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

74 вработени од „Колска“ од Велес  протестираа пред Влада, бидејќи сметката им е блокирана заради неплатен данок. Вработените два месеци се без плата и покрај тоа што имаат фактури за наплата. Бараат да се деблокира сметката за да може фабриката непречено да работи. Прашуваат кој е планот, дали фабриката ќе продолжи со работа или се подготвува ликвидакција?

„Еве веќе два часа упорно стоиме пред Влада да добиеме одговор од надлежните да оставриме средба, но никој не не повикал. Проблемите во Колска се веќе 20 и повеќе години се провлекуваат и никако да се решат сега дојде нож до коска. Со блокирана сметка сме 9 месеци и повеќе. Немаме средства за репрометријали никакви“, вели Тони Арсовски.

Вработените велат, не бараат зголемување на платите, туку начин да си ја заработат платата. Ги чека сервисирање над 20 теретни вагони на македонски железници, цистерни во најава, една патничка класа ама со блокирана сметка не можат да продолжат да функционираат. Нивниот предлог е следен:

„Моментално бараме долгот спрема УЈП да се стави во мирување за да можеме со оние пари што ги имаме за наплата да ги повлечеме да си купиме репроматеријали да можеме да ги сервисираме колите на македонски железници да продолжиме барем 5-6 месеци да истраеме во оваа криза. Колска како самостоен субјект не можеме да функционира. Едно припујување кон  придружница на Македонски железници“, додава Тони Арсовски

Вработените ги примил вицепремиерот за економски прашања кој им ветил промена на управител, а потоа ќе разговарале за останатите проблеми.

„Еве денеска имаме штрајк пред Владата на претпријатието Колска  каде вработените се дојдени меѓутоа директорот го нема. Ги нема членовите на Управниот одбор. Тие треба да бидат со работниците. Ние како Влада имаме доделено 35 милиони денари на тоа претпријатие. Финансиските средства се истрошени, работниците немаат плата затоа што се потрошени на други трошоци, но кога ги видов извештаите дали е намален долгот во изминатиот период, дали е зголемено производството, дали се намалени трошоците не се. Затоа предложив и директорот и менаџерскиот тим да бидат разрешени“, вели Ковачевски.

Во моментов единствената фабрика за поправка на патнички и товарни шински возила не е во можност да работи, а доколку продолжи ваквата состојба во иднина ќе треба да се сервисираат во странски држави што ќе чини и поскапо. Од Министертсвото за транспорт и врски велат дека немаат надлежност за конкретниот проблем со блокираната сметка.