Вработените во МФ протестираа пред Уставен суд – Кацарска: Нарушено е владеењето на правото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членовите на синдикатот на вработените во Администрација, правните органи и граѓанските здружение повторно протестираа. Овој пат пред Уставен суд, кој ја замрзна одредбата со која им се зголемуваат платите за 30%. Оттаму побараа средба со претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, од која бараат да одговори на некои прашања.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска вели дека судот не води сметка за буџетските импликации што може да ги создаде ситуацијата. Во конкретниот случај е нарушено владеењето на правото со категоријата вработени кои не примале додатоци, туку додатоци на плата.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими уверува дека трезорот ќе функционира и ќе бидат извршени сите буџетски исплати и покрај предупредувањата за блокади од страна на вработените во Министерството за финансии.

Инаку, Уставниот суд пред три недели поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и 4 од законот за буџети. Судот се сомнева во посебниот Деловник донесен од Министерството за финансии, со кој се исплаќаат 30% како додатоци на плата за категорија административци во одредени институции.