Вработените во судството ги наполнија денеска улиците во главниот град на протест поради ниските плати.
Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ рече дека просечната плата во судските служби е 24 илјади денари, а тоа е многу помалку од просечната од 36 илјади денари.
Тој соопшти дека овие вработени кои излегоа на протест најавија штрајк а судиите нема да можат да работат без тим.
Заради штрајкот, предметите во обвинителство ќе се одложат, а ќе се процесираат само итните.
Протестот продолжи пред Собрание и Министерство за правда а потоа се упатија пред влада. Се очекува и УПОЗ да одлучи за понатамошниот тек, дали ќе стапат во штрајк или не.
