Вратата за неа е секогаш отворена – претседателката Вјоса Османи го доби клучот од градот Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вака беше пречекана претседателката на Косово, Вјоса Османи во Тетово.

Најпрво се сретна со градоначалникот Биљал Касами кој и го подари клучот на градот во знак дека Општината ќе биде секогаш отворена за неа.

„Тетово како главен центар на Албанците од Северна Македонија бил точка на обединување на Албанците, и во Косово и во Македонија и во рамки на поранешна Југославија каде секое добро и лошо го делевме заедно. Со посетата на претседателот на Собранието, Премиерот и Претседателот на новата држава Косово се покажува почитта на косовските институции кон тетовци и Албанците од Северна Македонија“, додаде Биљал Касами.

Османи на Касами му подари карта на Косово со камен од Трепча.

„Тетово е од големо значење за нашата заедничка историја, дом на многу интелектуални дејци кои придонеле во односите меѓу Албанците во Косово и Албанците во Северна Македонија, создавајќи исклучително силна врска која се одразува и на пријателските и семејни релации во Тетово и сите наши општини, еден од интелектуалците кој остави трага е и Арбен Џафери кому постхумно го одликуваше со орденот Хасан Приштина“, вели Вјоса Османи.

Потоа Османи го посети основното училиште Лирија каде учениците ја пречека во народни носии.

Османи испи кафе на плоштадот во Тетово каде се одржа културно уметничка програма.

Таа застана и кај Шарената џамија и заедно со градоначалниците Албанци од општините во Македонија вечераа во еден ресторан на Шара.