Вреди ја сака позицијата претседател на Собрание – уставните измени услов за заедничко владеење со ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВРЕДИ формирале работни групи за преговори и истите наскоро ќе ги започнат разговорите за поделба на владиниот колач. Ваљбон Лимани од коалицијата ВРЕДИ вели дека сè уште нема рамка за барањата во однос на министерствата, но најважно им е да бидат продуктивни таму каде што ќе раководат. За нив не е важен бројот на ресори.

„Се уште нема точни информации кои ресори ќе ги бара ВРЕДИ. Верувам дека кога ќе почнат работните групи, ќе имаме рамка на барањата и за министерствата и за вториот ешалон на Владата. Уште еднаш ќе повторам, нашата цел не е бројот на министерствата туку реализирање на сите работи кои ги имаме по министерствата“, вели Ваљбон Лимани.

Со ова најавувате дека ќе имате помалку министерства како застапници на Албанците во Влада, кога велите дека бројот не е важен?

„Не знам, може да се случи да имаме 1или 2 помалку, но ќе повторам целта е да се реализираат сите програми и цели кои се во тие министерства“.

Но дали функцијата Претседател на Собранието е на масата на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ-ВРЕДИ?

Дали функцијата Спикер е на масата за преговори? Тоа ме интересира!

„Да е…“

Дали има преписки со ВМРО дека нема да ви ја препушти оваа функција?

„Не, нема, верувам дека ќе се постигне договор!“

Ако случајно се случи пресврт, ако ВРЕДИ не се договори со ВМРО-ДПМНЕ, дали постои можност партијата на Мицкоски да ги почне прегопворите со Европскиот фронт? Ваљдет Џафери од Фронтот повтори дека главен услов за преговори ќе бидат уставните измени.

„Дел од главниот услов за преговори за Владата се пред се уставните измени како и одржувањето на курсот на земјата кон Европската унија“.

-И во момент кога ВМРО-ДПМНЕ нема да сака да слушне за тоа, односно не можеме да очекуваме ненадејно враќање како што ве прашав?

„Секако дека ќе зборуваме за ситуации кои може да се случат утре, бидејќи прашањето е хипотетички“.

Дека уставните измени ќе бидат дел од условите за заедничко владеење потврди и Ваљбон Лимани од ВРЕДИ, кој рече дека доколку истите не се спроведат во рок од шест месеци, ВРЕДИ ќе го преиспита учеството во Владата.