Политичките партии и коалиции веќе ги одредија имињата на вториот ешалон, односно зм.министри со кои ќе учествуваат во Владата. Коалицијата ВРЕДИ ќе има седум зм.министри. Како што соопшти првиот човек на АА, Арбен Таравари, од нивната партија за заменик министер за одбрана ќе биде именувана Елфете Исмаили, а за заменик министер за земјоделство Флакрон Беџети.
-За ВРЕДИ знам дека ќе има 7 зм.министри. Знам дека АА ги има земјоделство и одбрана. Јас ќе ги кажам имињата на АА бидејќи се поминати во централното раководство. Зм.министерка за одбрсн ќе биде госпоѓа Елфете Исмаили и зм.министер за земјоделство г. Флакрон Беџети, вели Арбен Таравари, ВРЕДИ.
Од ВРЕДИ, Сафије Садики Шаини е предложена за зм.министер за спорт и за зм.министер за образование, Љуљзим Алиу и двајцата од редовите на Алтернатива. Движењето Беса ќе има само еден заменик министер, тој за култура. За тоа е предложен Седат Сулејмани. Во меѓувреме, Демократското движење го зеде зм.министерот за транспорт и врски и внатрешни работи.
-Во рамки на ВРЕДИ, двајца зм.министери и припаѓаат на Демократското Движење и сме ги предложиле г. Мухамет Ахмети во Внатрешни Работи и г-ѓа. Калтрина Зеколи во Транспорт, вели Изет Меџити, претседател на ДД.
Во рамките на зм.министри, Движењето ЗНАМ ќе ракододи со Министерствто за дигитална трансформација и со Министерството за енергетика и рударство.
Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги соопштуваат имињата, но партиски извори информираат дека заменик министер за економија и труд ќе биде поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, додека за зм.министер за екологија е предложена поранешната пратеничка, Ане Лашкоска. Ѓоко Велковски најверојатно треба да биде заменик министер во Министерството за социјална политика, а Зоран Димитровски од Демократсиот сојуз на Павле Трајанов треба да ја заземе функцијата заменик министер во МНР. Се очекува вториот ешалон да се гласа веднаш штом владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се врати од Соединетите Американски Држави, односно од 20 до 23 јули.
