„Време е да се гласа за личност, не за партија“ – дали Македонија наскоро ќе стане една изборна единица?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има политичари кои се 20 години во Собранието, па и повеќе само поради добрата позиција на гласачкото ливче на избори, велат помалите партии според кои време е да се гласа за личности, а не само за партија. Се чувствуваат оштетени и поради тоа поднесоа предлог -закон за една ИЕ. Павле Трајанов смета дека овој модел од шест ИЕ ги руши помалите партии, бидејќи многу тешко може да се обединат на 6 места по 10 000 гласови. Додава дека изборниот законик е направен само во функција на двете поголеми партии.

-И Вмро-Дпмне и СДСМ најавуваат дека се за една ИЕ, ама ќе се обидат да постават висок праг за повторно да ги елиминираат помалите политички партиии-вели Павле Трајанов.

Во Левица се чувствуваат оштетени, со оглед бројот на гласови, а малиот број пратеници по постоечкиот модел со 6 ИЕ:

-Без оглед од која коалиција доаѓаат и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, битно е да помине ова без оглед кој стои зад ова-рече Апасиев.

Од Коалицијата Алијанса -Алтернатива пак, велат дека ако ДУИ ги претставува СДСМ нив не ги претставуваат ВМРО-ДПМНЕ и тие се подготвени да дадат свој придонес во изборниот законик, за да докажат дека гласот на Албанците е многу битен во државата.

-За нас начинот на донесување на изборниот законик помеѓу двете поголеми македонски партии во отсуство на албански партии е скандалозно-вели Скендер Реџепи.

-Како политичка партија уште од порано сме имале и се уште сме на ставот дека треба да имаме три избопрни единици.Со тоа што ќе го рефлектира она што е РСМ, мултиетничко општество-вели Фадиљ Зендели.

Според лидерот на СДСМ Зоран Заев законот треба да биде променет, да биде вградена една ИЕ како модел, бидејќи сме мултиетничка држава. Со тоа демократски ќе отстрани секаква можност за нови автократи. Тоа е всушност едно од нивните предизборни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ изјавуваа дека се согласни со една ИЕ, но по повод предлог-законот ни одговорија прво да го разгледаат, па ќе го коментираат. Помалите партии се сомневаат дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласни за една ИЕ. На предлог законот не се потпишани сите политички партии кои се дел од Собранието, ниту координаторите на пратеничките групи.