Претпладне по котлините со појава на магла. Во текот на денот променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со утринска слаба магла, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.
