„Врски“ за вакцини се барале и преку нашиот Нобеловец во бордот на Фајзер, Ферид Мурад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стево Пендаровски, претседателот на Македонија е вечерва гостин на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“.

Дебатиравме на различни теми, секако неизбежна е онаа за вакцините.

Пендаровски откри дека нашата земја барала преку единствениот наш жив Нобеловец Ферид Мурад, кој бил во бордот на Фајзер да помогне, но залудно.

„Се јавувавме секаде, по служби, по држави, по поранешни дипломати сегашни. Пред два месеци добивме информација од наши извори дека единствениот наш жив Нобеловец Ферид Мурад е во бордот на „Фајзер“.

Дојдовме до него, се обративме, да помогне. Практично сите ги користеле тие приватни релации, сите земји.

И во контекст на ова израелскиот премиер вели: Благодарам на главниот на Фајзер што не ги заборави своите Евреи и еврејскиот народ.

Така што сите имаат користено свои контакти, само што предност имаат големите земји“, рече Пендаровски.