Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 се дебатира за нон-пејперот со кој е прекројуваат границите, а кој наводно е излезен од Словенија од Јанез Јанша. Дебатираме со интересни гости, меѓу кои и поранешната претседателка на Хрватска, Јадранка Косор.
Вања Вардијан, уредникот на РТСловенија, вечерва во емисијата ги коментираше врските меѓу Орбан и Јанша, за кои кажа дека се многу силни не само политички, но и финансиски.
„Врските помеѓу премиерот Орбан и премиерот Јанша се многу силни, не само политички туку и финансиски. Еве баш денеска дознавме преку нашите медиуми дека другиот 2 ТИР (железничка пруга од пристаништето во Копар) ќе се гради со европски средства и плус со уште некои други пари и дека веројатно во ова ќе соработува Унгарија. Ти Борјан многу добро знаеш, а и вашите гледачи дека финансиерите на некои медиуми блиски до Јанша во Словенија и финансиери на медиуми блиски на партијата ВМРО во Македонија се исти и доаѓаат од Унгарија. Така да тие врски се многу силни и што е најважно не се само политички туку се и финансиски што е уште поважно“, рече Вардијан.
Вардијан истакнува дека меѓу Словенија, Унгарија и Србија постои на некој начин трилатерала.
„Знаеме дека во последната половина година два пати се сретнаа Јанша, Вучиќ и Орбан каде разговараа за иднината на Европската Унија, европските вредности, така да е многу јасно дека на некој начи постои интенција, би рекол можеби не тенденции кои се карактеристични за Европската Унија и кои ќе дојдат на дневен ред за време нашето претседавање со Европската унија“, изјави Вардијан.
