Всадување вера кај децата – освен училиште, младите од Враништа на црковни часови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Струшкото село Враништа е едно од малкуте во кои се негува православната вера меѓу младите.

Околу 60 деца на возраст од 5 до 15 години, секоја недела посетуваат црковни часови.

Тие учат и пеат црковни песни, учат за верата, ја изучуваат Библијата, посетуваат цркви и манастири и организираат хуманитарни акции.

Свештеникот и учител прави спој на веронауката и образовниот процес, со цел да ги воспита децата да бидат чесни, да почитуваат, да сакаат и да помагаат.

Сите деца пеат во црковниот хор, учат, си играат и се дружат меѓу себе.

Верата е суштината на личноста на секој човек. Верското образование е неопходно за меѓусебно разбирање.

Учењето на вера е зачувување на вистинските вредности кон кои треба да се стремиме сите, велат родителите.  

Веронауката има за цел да ги поттикне учениците да се однесуваат одговорно на училиште, во семејството и генерално во животот, да развијат дух на толеранција и почитување на различностите меѓу луѓето.