Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека е неспорно дека на вчерашниот протест во Славија имало многу народ, но дека не ги разбира целосно барањата на собирот и дека на крајот клучното барање ќе биде Србија да добие преодна влада.
„Имаше многу народ и кој рече дека не е така нема да ја каже вистината. Кога велам голем број луѓе, ако некој собере од 25.000 до 30.000 или 35.000 луѓе, тоа е голем собир и јас не знам зошто организаторите или учесниците би се срамеле од тие бројки“, изјави тој за ТВ Пинк.
Тој оцени дека на крајот се ќе се сведе на тоа дека ќе се бара преодна влада.
„Тие сакаат да покажат дека институциите не функционираат, сакаат да ја парализираат државата и дека излезот од оваа ситуација е преодна техничка влада. Сега има еден проблем, никогаш нема да добијат мандат за формирање преодна влада од претседателот Вучиќ, тоа е нивниот проблем вчера, и да ви кажам дека ние од СНС никогаш нема да гласаме за таква влада“, рече тој.
