Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека до крајот на месец јануари во Србија ќе бидат на располагање вакцини од четири производители.
Вучиќ рече дека двете вакцини ќе бидат од Запад и дека Србија ќе биде една од земјите со најразновидни вакцини.
„Ќе имаме имаме две вакцини од запад, ќе разговараме и со Астра/Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.
„Верувам дека можеме да ги очекуваме првите испораки во наредните денови, така што нашата Агенција за лекови ќе може да ги прегледа, а руската вакцина веќе пристигна“, рече Вучиќ за ТВ Пинк.
