Вучиќ: Еден од најтешките денови за Србија, никако не го оправдувам убиството на косовскиот полицаец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ свика вонредна прес-конференција на која зборуваше за случувањата утрово во Косово, кога беше убиен еден косовски полицаец.

„Ноќеска околу 2:46 часот група на Срби постави два камиони како барикади, доаѓа тука косовската полиција и доаѓа до престрелка во која е убиен косовски полицаец, и рането едно лице. Според нашите информации тројца Срби од Косово настрадаа, двајца од снајперски оган, двајца тешко ранети, а постои информација дека е убиено уште едно лице. Пукано е на приватни куќи“, вече Вучиќ.

Српскиот претседател кажа зошто дошло до судир.

„Зошто дојде до ова? Србите се побунија, не сакаат да го трпат теророт на Курти. Не сакам никако да го оправдам убиството на косовскиот полицаец, и тоа е за осуда, и тука нема никакво меѓутоа“, изјави претседателот на Србија.

Вучиќ на прес-конференцијата ја спомена и Македонија.

„Обрнете внимание на уште еден детал. Кога имаше ваков вид на конфликт меѓу Македонија тогашна, денешна Северна Македонија, светот тоа го запираше, правеше разговори и договори, денеска рекоа „убијте ги сите“. Кога Србија одеше во Дреница, да се пресмета со тие кои сакаа отцепување од меѓународно признатите држави, тие рекоа дека тоа се борци за слобода, предводени од Адем Јашари, а не терористи. Само изгледа Србите се секогаш терористи“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ во вонредното обраќање вечерва.