Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека неговата земја направила грешка и требало да биде воздржана, пренесува Anadolu.
„Мислам дека Србија згреши. За тоа им се извинувам на граѓаните на Србија и јас сам ја сношам вината за тоа, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам да направам се“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија требаше да се воздржи при гласањето за европската резолуција за Украина, исто како што беше и при гласањето за американската резолуција.
„Што се однесува до американската резолуција, гласавме точно како што треба, се воздржавме. Според мене, требаше да се воздржиме и за европската резолуција. И како што гледате, ова го кажувам во момент кога е сосема јасно дека поради ова ќе изгубам полза или политички поени во ЕУ. Верувам дека Србија требаше да се воздржи“, рече Вучиќ.
