Вучиќ: Имаме девет лица на респиратори, ова беше најтешката ноќ, но доаѓаат уште потешки моменти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска истакна дека Србија ја минала најтешката ноќ во справувањето со коронавирусот. Утрово е објавено дека нови 15 лица се заразени со вирусот, а дури девет лица ноќеска се ставени на респиратори.

„Ова беше најтешката ноќ за нас, но доаѓаат уште потешки ноќи“, рече Вучиќ на средбата со норвешкиот Амбасадор Јорн Еуген Гјелстад.

Норвешка ветила барем десетина респиратори за Србија во овие тешки моменти.