Српскиот претседател Александар Вучиќ, потврди дека ќе патува во Тиват, Црна Гора каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан. Оваа одлука доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Белград и Подгорица.
„Одам во Црна Гора, многу е важно да ја претставувам Србија“, рече Вучиќ при обраќањето до новинарите на зедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Претходно Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора. Како причина за ваквиот совет беа наведени безбедносни ризици поврзани со непријателско делување на странски служби и криминални кланови во земјата.
Вучиќ потврди дека е запознаен со овие проценки, но сепак реши да замине, упатувајќи му порака на претставникот на ЕУ:
„Се гледаме вечерва во Црна Гора, доколку не претставувам хибридна закана“.
