Вучиќ со нови мерки против коронавирус: Забрана за движење од 20 часот до 5 часот наутро, војската ги презема сите болници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ информираше дека донеле одлуки кои не се популарни, но ќе значат во спасувањето на животи.

„Од утре во 10 часот во сите урбани средини, апсолутно се забранува излез за постари лица од 65 години. Ние ќе ве заштитиме вас“, посочи тој.

Вучиќ најави дека ќе се отворат продавници само за пензионери, за да ги купат намирниците што им се потребни.

„Од утре во 20 часот до 5 часот наутро се воведува забрана за движење на сите. Никој не смее на улица освен оние кои работат трета смена и потребните служби“, порача Вучиќ и побара разбирање.

Тој додаде дека војската ќе ги преземе под контрола сите гранични премини, како и сите болници.