Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека е постигнат договор за набавка на вакцини со американскиот производител Модерна и дека очекува овие вакцини да пристигнат во Србија до крајот на октомври, јави дописникот на МИА од Белград.
Во серијата дискусии на американската организација Атлантски совет, што се емитува во живо, Вучиќ како одговор на шпекулациите и критиките за процесот на вакцинирање, истакна дека Србија не учествувала во третата или четвртата фаза на тестирање на кинеските и руските вакцини и дека „само се купени кога тестирањето е завршено“.
-Треба да истрпите остри критики кога правите нешто, нив ги нема кога не правите ништо, и јас сум горд што сум дел од тимот што направи нешто – ние ја завршивме нашата работа и добивме повеќе вакцини од другите, изјави Вучиќ на прашањето за вакцина дипломатијата” на Србија во регионот.
