Вучиќ за давањето вакцини на Македонија: Што би вредело ако ние сме здрави, а соседите имаат проблеми?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како се врши селекцијата и кој може да работи контролор на лет?

Се вели дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, но дали знаете како се врши селекцијата и кој може да работи...

Дневен хороскоп за вторник (9. март 2021)

ОВЕН Работа: Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро...

Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините...

Владата денеска одлучува – ќе има ли полициски час?

Владата денеска ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час...

Eдноставна техника со која ќе ја ублажите болката кај бремените жени

Како што знаат повеќето жени, последните месеци од бременоста се тешки и болни. Со оглед на тоа што жената...

Српскиот претседател Александар Вучиќ, утрово го коментираше давањето на вакцини на Македонија. На новинарско прашање зошто го сторил тоа, Вучиќ одговори:

„Што би вредело ако ние сме здрави, а соседите имаат проблеми“, рече Вучиќ, кој смета дека снаодливоста на Заев придонела да Србија даде 8.000 вакцини за нашата земја.

„А, кога да им помогнеме? Нормално, кога им е тешко. Тоа е снаодливост на премиерот Заев кој се бореше за својата земја да обезбеди вакцини. Тоа не само што е братски потег од наша страна, туку одговорност, и покажавме дека не живееме во затворен круг. Сигурен сум дека и тие кога би биле во иста ситуација, би ни помогнале нам“, рече српскиот претседател.

Тој рече дека нема проблем Србија да помогне и на Албанија доколку биде потребно и го окарактеризираше како нормален однос.

Вучиќ не објасни дали вакцините ќе бидат донирани, или, сепак ќе бидат купени од страна на нашата земја како што најави премиерот Заев вчера.