Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави сочувство до патријархот на Српската православна црква, Иринеј, до српскиот народ, особено во Црна Гора, поради смртта на Митрополитот црногорско приморски Амфилохије.
Вучиќ, во изјава за новинарите, истакнал дека сега ја слушнал веста.
„Би сакал веста да не биде точна. Видов дека тој почина во 8.20 часот. Се уште се надевам дека веста не е точна. Ако е точна, изразувам сочувство до патријархот и српскиот народ“, рече тој.
