Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе свика состанок на Советот за национална безбедност во врска со нападот во Москва, пренесува Информер.
Според информациите, Вучиќ седницата ја закажал за девет часот наутро.
Да потсетиме, пукањето се случи во концертната сала „Crocus City Hall“ во Москва. Најмалку три маскирани лица во униформи отвориле оган. Според последните информации, загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- ВИДЕО Пукање во концертна сала во близина на Москва, во тек е евакуација
- По нападот, запалена и салата: Хорор снимки од Москва!
- ВИДЕО: Се појави снимка од салата во Москва: Вака започнало пукањето!
- Се огласи градоначалникот на Москва по масовното пукање во концертната сала
- Терористички напад во Москва: Најмалку 40 лица загинаа, а повеќе од 100 се ранети
