Вуцас: За влез во Австрија потребен здравствен сертификат или задолжителен 14 дневен карантин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Границите на Австрија се отворени, но за влез во земјата потребен е здравствен сертификат или задолжителен 14-дневен карантин, вели австрискиоит амбасадор Георг Вуцас.

– Австриските граници секогаш биле отворени. Имавме луѓе на кои им беше потребен третман за канцер во Австрија и кои патуваа во сопствен аранжман околу 22 март. И денес ако има валидни документи секој македонски граѓанин може да патува во Австрија. Обврска е при влез во Австрија да помине во 14 дневен карантин, кој што може да се избегне ако поседувате здравствен сертификат. Секако треба да имате место каде ќе престојувате, изјави амбасадорот Вуцас на новинарско прашање при предавање донација од Австрија за справување со Ковид -19 во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Тој нагласува дека има поголем број македонски државјани кои работат во Австрија и бидејќи сега се обновува економијата, постои потреба од нив.

– Знаеме дека тие треба да се вратат и во таков случај можеме да изадеме и визи бидејќи им се потребни за подолг престој, посочува Вуцас подвлекувајќи дека и за нив важи истото правило ако имаат здаравствен сертификат неме потреба да поминат 14-дневен карантин