За 24 часа 11 пожари во Македонија: Седум се активни, три под контрола, еден изгаснат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Сарај, Гостивар, Македонски Брод, Чашка, Јегуновце, Прилеп и Охрид, при што гори ниска и мешана шума, вегетација, пасишта, папрат и диви депонии.

Пожарите под контрола се во Делчево, Студеничани, Зелениково и Пласница, каде најчесто е зафатена мешана шума или депонии. Во пожарот меѓу Трново и селата Битово, Заград и Страјане зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснат е пожарот во струмичкото село Банско, каде горела дива депонија.