65 годишна жена од околината на Струга е 10 жртва на коронавирусот. Од МЗ велат дека пациентката имала и други здравствени проблеми со белите дробови, висок крвен притисок и дијабетес. Во последниве 24 часа има нови 25 случаи со коронавирус, со што бројот на заразени изнесува 354, од кои 183 се од Скопје. 12 пациенти на Инфективната клиника се во тешка здравствена состојба, 5 од нив се поставени на респираторни машини.
Куманово, со нови 7 случаи и вкупно 54 заразени, од денеска е втор град на листата по бројот на заразени со Ковид-19. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и Општинскиот штаб за заштита и спасување, веќе некое време инсистираат Владата да преземе построги мерки за спречување на ширењето на короната и да се прогласи кризна состојба. Со такво барање излегоа и денеска.
Од Инфективната клиника се пуштени 5 пациенти, кои се излекувани од коронавирусот. Инаку до сега се тестирале вкупно 3775 лица.
