Ова е најцрниот дневен биланс на починати лица од коронавирус во Македонија. За само 24 часа, регистрирани се рекордни 22 пациенти кои ја изгубиле битката со Ковид-19.
Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
