За 5 милиони евра, Пуцко Петрол ја купи зградата на Бетон кај министерство за економија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант Бетон која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена, дознава ТВ21.

Според информации на ТВ21, оваа зграда е купена од нафтената компанија Пуцко Петрол за 5,1 милион евра.

Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.

Како што тогаш пишуваше во огласот, во рамки на недвижноста се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација, со вредност од околу 318.963 евра.