За 7 дена починале 84 лица од коронавирус во Македонија – најголем дел жители на Скопје, Прилеп, Велес…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 7 дена коронавирусот им ги одзеде животите на 84 граѓани од кои најголем дел од нив биле хоспитализирани поради позитивен текст на Ковид-19. На листата која ја направи ТВ21, на прво место е Скопје со 31, а потоа следуваат Прилеп и Велес со 6, Битола и Гостивар со 5…

Општина/ГрадПочинати
Скопје31
Прилеп6
Велес6
Битола5
Гостивар 5
Куманово 4
Струга3
Ресен3
Струмица3
Тетово2
Штип2
Кочани2
Дебар2
Крива Паланка2
Кавадарци1
Свети Николе1
Радовиш1
Пробиштип1
Македонска каменица1
Виница1
Берово1
Делчево1
Табела на починати лица од коронавирус во последние 7 дена | ТВ21

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.