Делницата од Извор до Врбјани ќе биде пуштена на Денот на независноста, 8-ми септември, барем вакви се очекувањата на Владата, кои на брифинг со новинарите ги сподели премиерот Мицкоски.
Целиот автопат, пак, Кичево-Охрид треба да биде пуштен во употреба во првиот квартал од 2027-ма година. За комплетирањето на ова автопатско решение обезбедени средства од 175 милиони евра, како заем од домашните банки, па како што вели Мицкоски, финансиски покриен е целиот проект, со што активностите на терен се реализираат, за конечно завршување на овој автопат.
Заедно со автопатот Скопје-Блаце, како и автопатските делници од Коридор 8, Мицкоски вели дека во ист момент, во втората половина од оваа година ќе се работи на 6 автопатски решенија.
