За една недела, втора доза примиле само 32 лица, се укинуваат мерките, слабее интересот за вакцинација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипата на ТВ21 се наоѓа кај вакциналниот пункт во поликлиниката во Чаир. Ако некогаш овде имаше гужва од граѓани кои чекаа со часови за да се вакцинираат, сега како што гледате, празно е.


Укинувањето на мерките за заштита од корона вирусот и небарањето сертификати при влез во одредени објекти и институции, се причина граѓаните да изгубат интерес за вакцинација. Во поликлиниката во Чаир на ден се вакцинираат максимум 5 лица, и тоа најмногу со трета доза, вели главната медицинска сестра.


„Интересот за вакцинација е исклучително низок, оваа недела имаше еден, два или максимално 5 пациенти на ден во нашата поликлиника“, вели Вљора Азизи, медицинска сестра.
Инаку од понеделникот до овој петок во цела држава 236 лица примиле анти ковид вакцина, а само 32 од нив примиле прва доза.

„Во текот на оваа недела аплицирани се 236 дози вакцина против Ковид 19 во цела држава. 32 за прва доза, 76 за втора доза и 128 за трета доза“, велат од ИЈЗ.


Бројот на заразени со корона вирусот на дневна основа опаѓа, меѓутоа Северна Македонија е далеку од колективен имунитет. До сега со две дози, што се смета за целосна имунизација, се вакцинирале само 47% од населението. Од МЗ за ТВ21 велат дека продолжуваат со кампањата за вакцинација со испраќање СМС пораки на граѓаните со термин за вакцинација. Исто така додаваат дека на располагање има 380 илјади дози анти ковид вакцини.