Бурни реакции ширум светот предизвика кавгата која се случи во Белата куќа, на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот заменик Џеј-Ди Ванс. Високиот тон ексалираше откако Ванс обвини дека Зеленски ја нападнал американската администрација, на што доби одговор дека е добро што САД не чувствуваат како е да се биде во војна.
Зеленски: „За време на војна секој има проблеми, дури и вие, но имате убав океан и не го чувствувате тоа сега, но ќе го почувствувате во иднина“.
Трамп: „Ти тоа не го знаеш.“
Зеленски: „Господ да ве благослови и да немате војна.“
Трамп: Не ни кажувај што ние ќе чувствуваме. Се обидуваме да решиме проблем. Не ни кажувај што ние ќе чувствуваме
Зеленски: Не ви кажувам, одговарам на прашање.
Трамп: Не си во позиција да диктираш. Запомни го тоа. Не си во позиција да диктираш што ние ќе чувствуваме.
Зеленски: Ќе го почувствувате влијанието.“
Понатаму Трамп додаде дека картите не се во рацете на Зеленски, а потпретседателот Ванс кажа дека украинскиот претседател воопшто не им се заблагодарил за време на состанокот и ја поддржувал единствено администрацијата на Џо Бајден. Зеленски потоа имаше интервју за „Фокс њуз“, каде истакна дека секогаш бил благодарен за помошта, воедно и кон Трамп.
„Од секогаш бев благодарен кон целиот ваш народ. Ни помогнавте многу од самиот почеток, на тригодишната инвазија. Ни помогнавте да преживееме.“, рече Зеленски.
По кавгата, на социјалните мрежи Зеленски започна да добива поддршка од без малку сите европски лидери, на кои преку статуси на фејсбук реши им да им се заблагодарува. Меѓу нив беше и високата претставничка на Европската унија, Каја Калас.
„Украина е Европа! Стоиме зад Украина. Ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина за тие да можат да продолжат да се спротивставуваат на агресорот. Денеска, стана јасно дека на слободниот свет му е потребен нов лидер. На нас е, Европејците, да го преземе предизвикот.“, напиша Калас.
Од лидерите од Европа единствено словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека Словачка нема да ја поддржува Украина ниту воено ниту финансиски со што војната би можела да продолжи. Од Москва пак оценија дека Зеленски бил безобразен во Вашингтон и единствена цел му била војната да продолжи.
