За некого струјата значи живот – пациентите со механичко срце добија резервни батерии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Васко Јолески, лице со механичко срце.

За луѓето како Васко, батериите и електричната енергија значат живот.

Кога се дома можат да бидат приклучени со кабел во струја, но за да излезат надвор им се потребни батерии.

По бројните настојувања и барања, конечно овие лица добија резервни батерии, приклучени на механичката пумпа 24 часа.

Велат дека сега можат да спијат мирно и без страв дека во некој момент ќе снема струја и нивното срце ќе престане да чука.

Васко вели дека државата има капацитет и треба да им обезбеди услови на лицата како него.

Ослободени се и од партиципација и ќе се лекуваат бесплатно.

Васко смета дека во Македонија има добри лекари, но дека државата треба да води смета за условите за работа.

Овие лица за контрола еднаш месечно и анализи трошат 12 илјади, а за терапија околу 9.000 денари.