За прв пат цел викенд полициски час, граѓаните ги преплавија маркетите за да купат храна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

2-3 часа пред полицискиот час, скопјани ги преплавија маркетите и пазарите за набавка на храна за следните 61 часа кои ќе ги поминат во изолација. На прашање на ТВ21 граѓаните велат дека излегле да купат овошје, зеленчук, месо и хигиенски производи. Некои го сфатија ова сериозно и уште од вчера почнале со купување, а други пак велат дека не претеруваат односно дека купиле само основни продукти.

Еден граѓанин вели дека се снабдил “до заби“ за следните два дена.

Една граѓанка вели дека изолацијата не е нешто ново и рече дека може да издржи само а да се спаси од оваа пандемија.

ТВ21 праша и некои од продавачите, дали овие денови имале повеќе работа за разлика од другите денови. Еден рече дека имал повеќе работа а другиот вели дека е исто. Граѓаните излегуваат да купуваат по 11 часот до 13.

„Сега има повеќе работа бидејќи се плашат и се затворени и луѓето купуваат повеќе. Има продажба, во последно време, во текот на овој месец можеби имаме колку цела зимска сезона.“, вели еден продавач.

За прв пат целава земја ќе биде под полициски час во текот на целиот викенд до понеделник наутро. За време на полицискиот час аптеките ќе работат непрекинато, исклучоците за забраната за движење важат за полицијата, војската, здравствените работници. Маркетите ќе работат само доколку имаат дозвола од Државниот пазарен инспекторат.