За првпат во кнежеството Лихтенштајн, избрана е жена за премиерка. Брижит Хас, адвокатка и директорка на Трофовско-индустриската комора, според официјалните избори, победи на парламентарните избори.
Откако функцијата на премиер беше воведена во оваа мала земја помеѓу Австрија и Швајцарија, ја извршуваа само мажи. Хас ќе положи заклетва на 20. март.

Лихтенштајн е најмалата земја во која се зборува германски, со површина од 160 квадратни километри. Има околу 40.000 жители, од кои околу една третина се странци, главно Швајцарци, Австријци и Германци.
Посветениот католик и исклучително богат 79-годишен принц Ханс-Адам Втори е шеф на државата. Тој има моќ да ја разрешува владата, да става вето на законите и да владее со декрет. „Принцот одлучува“, стои на владината веб-страница, но и народот има збор.
