За што ДПИ може да ве казни од понеделник? – 250 евра за физичко, до 30.000 за правно лице, стапуваат на сила новите мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По најавата дека од понеделник невакцинираните не смеат да посетуваат простории каде има повеќе од 30 лица и дека ќе треба да приложат пертификат за вакцинација, граѓаните со поделени мислење.

„Скептици бевме на почетокот сите се плашевме од составот на вакцините така, да бидеме реални, потоа како ќе дејствува на шаниот организам од кај да знаеме можеби амме нешто скриено така, одием на прегледи се ни е ок а не нзаеме. И сега како да ви кажам. Нема правда за многу работи нема правда, ако јас сум се вакцинирала имам и сертификат го пластифицирав да не ми се скине  и каде што имам потреба јас ќе влезам. Меѓутоа како може со тој што не сака да се вакцинира да бидеме со исти права“, вели граѓанин.

„Да за да не се заразат повеќе, тоа  е нормално и така треба да биде. Нека се организираат нека одат сите, јас лично примив две дози ништо не е страшно, безбедна е вакцината нека одат слободно“, вели граѓанин.

„Ние сме вакцинирани и не одам во толку големо друштво. Дома си седам, еве сега излегов само да купам нешто“, вели граѓанин.

-Треба да бидат задолжителни вакцините?

„Треба, еве и децата почнуваат да се разболуваат“, вели граѓанин.

„Вакцините не треба да се задолжителни, треба да одиме на протести ова е чист фашизам уште малку ќе ни ставам жолти ленти како на Евреите. Ако другиот е вакциниран, а јас не и тој може да се зарази од мене, оа каква е таа вакцина? Нема врска таа вакцина“, додава граѓанин.

Непочитувањето на новите мерки ќе се санкционира од страна на Државен пазарен инспекторат. И ова ја разбранува јавноста со оглед висината на казните. За правни лица вели директората Анета Симеска Димоска ќе изнесуваат од 2.000-30.000 евра, а за физичките лица ќе треба да се погрижи редарската служба во угостителскиот објект. Физичките лица ќе бидат казнети со 250 евра од претставници на Државен пазарен инспкторат под еден услов:

„Во овој момент ние немаме надлежност да ги санкционираме лицата кои немаат сертификат.

 

Доколку утврдиме дека посетителите ги изманипулирале угстителите односно дале лажни серификати, тогаш имаме надлежност да превземее соодветни мерки кои понатаму ќе се процесуираат“, вели Анета Симеска Димоска.

Токму поради овие мерки, за утре во 12 часот е закажан и протест пред Собрание.