Говорник во емисијата „21МИНУТА“ на ТВ21 е поранешниот гувернер на Народната банка, Љубе Трпески.
Зборувавме на различни теми, а една од нив беше и однесувањето на финансиските друштва, а дел од нив, според Трпески, не ги почитуваат законите, а ниту кодексот на однесување, внесувајќи скриени клаузули.
„За жал некои финансиски друштва не ги почитуваат ниту законските, ниту кодексот на однесување, и внесуваа скриени клаузули во договорите, кои што обичниот корисник на кредит не може да си согледа, ниту, пак, му ги објаснуваат. И после обичниот корисник се соочува со последиците“, изјави Трпески.
Тој смета дека институциите, во случајот Министерството за финансии треба да делува со ригорозни мерки и контроли за спречување на ваквите појави.
„Тука не треба контролорот Министерството за финансии да чека вие новинарите да укажете на тоа, туку треба да делуваат со ригорозни мерки да ја спречуваат таа појава“, изјави Трпески.
Целата изјава за „21МИНУТА“ на Трпески, низ следното видео:
