Во 21 часот закажана владина седница, ќе се прогласи кризна состојба на цела територија на земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на РСМ за вечерва во 21 часот закажа седница на која ќе се разгледува предлогот кој како заклучок произлезе од денешниот Совет за безбедност одржан кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Според информациите, на владината седница ќе биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба на територијата на цела земја.

Со ова, државата ќе може привремено да управува со приватните клиники, а армијата добива поголема можност за вклучување во справвањето со коронавирусот.

За прв пат на цела територија ќе биде прогласена кризна состојба, претходно тоа се спроведуваше само во одредени подрачја на јужната и источна граница поради напливот на мигранти.