Комбето што денеска превезуваше новинари од Битола и Прилеп на Плетвар за влакно избегна сообраќајна несреќа откако камион чистач на „Македонија пат“, додека претекнувал, ги испрска со мразот и снегот што ги чистеше од патот.
Новинарите кои биле раскажуваат дека чистачот возел со поголема брзина и спуштени ножеви и ги претекнувал на полна линија. Му ја запишале и регистарската табличка, пишува СДК.МК.
„Кога снежната маса удри врз возилото, се создаде страшен звук, што помисливме дека се случи сообраќајка. Снегот и мразот што ги имаше собрано се исфрлија врз нашето возило, ништо не се гледаше низ прозорците. Нè спаси само присебноста на возачот на комбето“, велат новинарите кои се враќаа за Прилеп и Битола од одржаното неизборно собрание на ЗНМ во Скопје.
На планинскиот превој Плетвар има обилни врнежи од снег и има забрана за движење на тешки товарни возила.