За вработените без договор, забранет влез на Токсикологија, клиниката може да плати казна ако не ја спроведе одлуката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДСЗИ побара на 18 вработени на Клиниката за Токсикологија на кои на 1 јануари им истекол договорот за работа, да им се забрани влез на овој оддел. Ова следи откако финансиската директорка не ја потпишала претходната одлука од Инспекторатот, рече директорката на Инспекторатот Рената Младеновска. Доколку ова не се спроведе, Клиниката ќе мора да плати парична казна.

Финансиската директорка Беса Иљази вели дека овој проблем датира од јануари бидејќи не биле проследени потребните процедури на почеток на годината, од причина која ја знае само медицинскиот директор, вели таа. Таа вели дека на Клиниката и е потребен дополнителен персонал, затоа треба да им се продолжи договорот на овие 18 лица.

„По моето доаѓање во февруари, со голема посветеност и сериозност пристапив кон овој проблем, упатив ново барање до Министерството за здравство, ја претставив важноста на работата и потребата што ја има клиниката за овие вработени кои се тука со години и сега е добиена согласност од Министерството за здравство и нема никаков проблем, нивниот случај е решен, сега треба да се следат некои законски процедури кои се неопходни за овој период и тие многу брзо ќе се вратат нормално на работа-вели Иљази.

За само еден месец клиниката ја потресоа неколку скандали. Од обиди за фалсификување резултати до закани за разрешување на медицинскиот директор, а имаше и поплави за кои се уште нема одговори кој е одговорен и зошто клиниката немала осигурување, како што тврдат дел од лекарите.