Заборавени двојазичните униформи на полицијата, актите на Нухиу се уште во владина постапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За време на техничката Влада, кога Агим Нухиу беше министер за внатрешни работи, ги потпиша нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат на два јазика, но како што рече тогаш, процесот треба да го води Владата.

-Овие акти треба да ги одобри Владата и потоа да се отворат тендерски постапки да може во пракса да се интервенира за амблемите на полицијата. Тоа е нормативна база која отвора пат и на други активности поврзани со обезбедување на амблемите и на албански јазик-рече тогаш Нухиу.

Овој чекор, Нухиу го презема по мислењето што го даде Венециската комисија. Дури изготви и примерок како би изгледал амблемот, но истиот сега за сега останува во рамка за фотографии.

Владата како што изгледа овие нормативни акти сѐ уште ги чува во фиока, а тоа го потврдува и самата денешна изјава на актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Побаравме став и од првиот вицепремиер Артан Груби, но одговор не добивме.

Точка 3 од Член 8 на Законот за употреба на јазиците предвидува двојазични униформи на полицијата, пожарникарите, во здравство, во Скопје и општините во кои најмалку 20% од граѓаните говорат албански јазик.
Токму овој член беше причина законот за јазиците да се испрати во Венецијанската комисија за мислење. По нејзината проценка, Комисијата рече дека меѓународните стандарди не го уредуваат ова прашање, затоа не гледаат конфликт на член 8 со меѓународните конвенции.