Жителите на Општина Пласница се предупредуваат да не ја користат водата од јавниот водоводен систем за пиење, подготовка на храна и други потреби поврзани со исхраната, откако последните лабораториски испитувања покажале дека водата не ги исполнува здравствените стандарди.
Надлежните институции информираат дека водата во моментов не е безбедна за консумирање и апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките сè до добивање потврда дека квалитетот е повторно исправен.
Во тек се активности за утврдување на причините за појавата на бактериолошко загадување во водоводната мрежа. По преземањето на потребните мерки и отстранувањето на причините, ќе бидат направени нови лабораториски анализи.
За резултатите од контролите и евентуалното укинување на препораката, жителите ќе бидат дополнително информирани.
Надлежните служби упатуваат апел до граѓаните редовно да ги следат официјалните известувања и да постапуваат согласно дадените насоки, со цел зачувување на јавното здравје.
