Зад големиот пожар во Бејрут можна саботажа? – Претседателот повика на итна истрага и апсење на одговорните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Либанскиот претседател Мишел Аун објави на својот Твитер профил дека големиот пожар, кој денеска избувна во веќе разрушената либанска престолнина, можеби е резултат на саботажа, техничка грешка или невнимание.

„Без оглед на претпоставките, причината за овој пожар мора да биде откриен во што краток рок, а виновниците да се изнесат пред правдата“, порача либанскиот претседател за време на седницата на врховниот совет, пренесува Ројтерс.

Продавница за гориво и гуми се запали денеска во Бејрут, само месец дена од страшната експлозија во тој град, но за сега нема информација за повредени лица.

Пожарот избувна во бесцаринската зона на пристаништето, а потоа голем облак од црн чад се издигна над главниот град на Либан, чии граѓани се уште имаат трауми поради експлозијата на 4 август, во која загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.