Заев: Армијата на Македонија ја докажа својата подготвеност, интер-оперативност и способност за извршување на најтешки задачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата Зоран Заев на воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисија на КФОР истакна дека нашата армија и досега, посредно, учествувала во мисијата „КФОР“ преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршел координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.

„Оваа мисија, сепак има посебно значење Армијата на Република Северна Македонија, бидејќи за прв пат директно учествува во мисијата „КФОР“ како 30-та земја членка на НАТО, како армија која е рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот. Пред упатувањето во оваа мисија припадниците на првиот контингент на Армијата што заминува да исполнува задачи во мисијата КФОР на Косово, поминаа низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбуваа и обучуваа за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата“, посочува Заев.

Тој додава дека Армијата на Северна Македонија ја докажала својата подготвеност, интер-оперативност и способност за извршување на најтешки задачи, во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисиите „Слобода за Ирак“, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина“ и „Унифил“ во Либан.

„И до сега, и понатаму како членка на НАТО, Северна Македонија и нејзината Армија свечено ја преземаат обврската во континуитет да го даваме нашиот придонес во безбедносни предизвици што стојат пред НАТО. Северна Македонија е целосно посветена на своите обврски како нова земја-членка на НАТО, вклучително и во поделбата на товарот, и придонесува како достоен сојузник. Ќе продолжиме да се вклучуваме во операциите и мисии на НАТО и да се прилагодуваме на безбедносните приоритети“, посочува премиерот Заев.

? Kreu shtetëror përcjell kontigjentin e parë të Armatës së #RMV-së në mision të #NATO-s në #Kosovë #KFOR

? Kreu shtetëror përcjell kontigjentin e parë të Armatës së #RMV-së në mision të #NATO-s në #Kosovë #KFORНајвисокиот воен и државен врв на воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на С. Македонија во мисија на КФОР

Gepostet von TV21 am Samstag, 17. Oktober 2020