Заев: Даде демант човекот, јавно! – Љазим Дестани се уште не се огласил, дали ДУИ тактизира со името?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа 8 дена откако ДУИ почна со кампања за прв премиер Албанец, но сè уште го кријат името на кандидатот. На социјалните мрежи веќе неколку дена се врти името на бизнисменот Љазим Дестани, како кандидат за иден премиер.Тој досега јавно не се изјаснил дека прифаќа или одбива да биде номиниран од ДУИ за оваа функција.

Иако лидерот на СДСМ изјави во Клик Плус дека Дестани јавно демантирал, сепак такво нешто се уште нема.

ЗАЕВ: Прво ДУИ не го кажува кандидатот за премиер на државата и нема да го каже до крајот на кампањата.

Модератор: Во јавноста веќе се шпекулира и се објавува дека тоа е Лазим Дестани кандидат за премиер.

ЗАЕВ: Даде демант човекот, јавно…

Но, дали ова е тактика на ДУИ или навистина имаат кандидат за кој Бујар Османи вели дека ќе го откриат кога ќе дојде време.

„Прашањето за имињата е дел од долгорочната стратегија. Ќе ја го објавиме во моментот кога ќе дојде денот за тоа“, посочи Бујар Османи.

ТВ21 се обрати до службите на Љазим Дестани, но од таму ни рекоа да бараме став во пишана форма. Така и направивме. Сепак, одговор не добивме.  

Инаку Љазим Дестани е тетовски бизнисмен познат и во меѓународниот деловен свет со компанијата Еколог, но и активист и хуманист кој никогаш не бил вмешан во политиката.

Идејата за премиер Алабнец предизвика внатрешни политички дебати и несогласувања со опозициските партии во албанскиот блок. За нив ваква идеја која доаѓа од ДУИ е неприфатлива. Истото важи за партиите од македонскиот политички блок.