Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција упати порака до лицата кои изминативе денови протестираа против новите мерки на Владата за невакцинирани лица.
Тој посочи дека протестот е загарантирано уставно право, но исто такво е и правото на здравје.
„Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата е единствениот начин да се бориме со вирусот. Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините“, посочи Заев.
Заев додава дека вакцините освен што се ефикасни, тие се и безбедни.
„1.160.000 дадени дози кај нас без посериозни компликации или несакани ефекти кај ниту еден граѓанин се непобитен доказ за нивната безбедност. Обврска на Владата е да го штити народот и да носи нови мерки“, порача премиерот.
