Успешните економски политики на СДСМ се препознаени и потврдени од страна на сите економсски параметри, рече лидерот на СДСМ вечерва на конгресот.
„Пензиите годинава пораснаа за рекордни 722 денари, а со усогласувањеата ќе пораснат уште 900 денари до крајот на годината. За две години вкупното покачување на пензиите е по големо 1740 денари“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Како доказ за успешната економија, Заев го потенцираше и растот на БДП од 3,6% за 2019 година, кој претходно беше проектиран на пониско ниво. Додаде дека при доаѓањето на Власт, СДСМ затекнала БДП во минус од -1,8%.
