Нема одржување предвремени парламентарни избори, дециден е премиерот Заев со што го одби барањето на шефот на опозицијата Христијан заедно со локалните наесен да се одржат и парламентарни избори. Заев вели дека треба да се престане со ваквата практика, бидејќи тоа се одразува на севкупната македонска економија.
Изминативе денови шефот на опозицијата Христијан Мицкоски на неколкупати потенцираше дека поради лошите политики на власта, потребно е што поскоро да има предвремени парламентарни избори и дека Заев го нема потребното мнозинство во парламентот. Тоа го повторија и денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, во последен период тврди дека опозицијата преговара со пратеници од владејачките партии и дека наскоро е можно ново парламентарно мнозинство.
