„Парите од Рекет треба да се бараат кај Заев“, беше изјавата на Боки 13 која како доказ ја изнесе во суд Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа изјава беше изнесена како против одговор кон Заев кој го тужеше Николовски за клевета и нарушување на имиџот.
И Александар Николовски рече дека е убеден во доверливоста на неговата изјава. Тој рече дека во Рекет не е рекетиран само еден бизнисмен туку голем број бизнисмени се вклучени од целата пирамида на СДСМ.
Следното судско рочиште кога ќе бидат земени на распит Николовски и Заев е на 6 април. Николовски оцени дека тужбата е апсурдна и рече дека до сега немало таков пример каде еден премиер и лидер на партија тужи потпретседател на опозициска партија. Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август минатата година во врска со случајот Рекет каде го обвинува дека е на врвот од пирамидата која рекетирала над 20 милиони евра.
