Пентагон првпат призна недостиг на муниција во војната против Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пентагон признава дека САД се соочиле со недостиг на муниција за време на воената операција против Иран, објавуваат повеќе американски и светски медиуми и агенции.

Во извештајот на генералниот инспектор на американскиот Департмент за одбрана објавен денеска, во кој е опфатен периодот од 1 април до 30 јуни, се наведува дека потребите за муниција за време на операцијата „Епик Фјури“ предизвикале намалување на стратешките резерви и ги откриле тешкотиите на индустријата во нивното повторно надополнување.

Пентагон соопшти дека презел мерки за брзо зголемување на производството. Сепак, ова е во спротивност со претходните изјави на администрацијата на Трамп, која ги негираше наводите за недостиг. Самиот американски претседстел претходно изјавуваше дека САД имаат „огромни количества“, па дури и „практично неограничени“ количества муниција.

Според американските медиуми, недостигот на муниција можеби бил една од причините поради кои Трамп не ги продолжил масовните напади врз Техеран во текот на летото.