Зоран Заев денеска ја коментираше како шпекулација веста дека професорот Љубомир Фрчкоски бил одбиен од САД да биде македонски амбасадор во Вашингтон.
Тој го повтори ставот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека информацијата излегла само во медиумите, и дека имињата се чуваат во диксреција.
-Ниту Владата ниту друга институција не коментира амбасадори додека не завршат постапките. Тоа сме го правеле дури и за конзули, а не пак за амбасадори. За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влада, па се добива агреман од претседателот, па агреман од земја-домаќин, рече Заев.
Името на Фрчкоски фигурираше за место амбасадор на Северна Македонија во САД, а исто така во медиумите во последно време се појавува и името на Андреј Жерновски како можен амбасадор на Северна Македонија во Обединетите нации.
